Добри вести за Украинците: Се сретнаа Гутереш, Ердоган и Зеленски, потпишан е важен договор

од Берта Китинска
189 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш се состанаа во четвртокот во украинскиот град Лавов за да разговараат за руско-украинската војна.

Турција и Украина во четвртокот потпишаа договор за обнова на украинската инфраструктура разурната од војна.

Договорот го потпишаа министерот за трговија Туск Мехмет Мус и украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков во украинскиот град Лавов, по средбата меѓу Реџеп Таип Ердоган и Володимир Зеленски.

„Договорот предвидува учество на турската страна во процесот на обнова на Украина“, соопшти украинското Министерство за инфраструктура.

Во соопштението се додава дека ќе се формира заедничка работна група за привлекување турски инвестиции и развој на конкретни проекти за соработка.

„Турските деловни и владини структури ќе можат да развијат конкретни проекти за реконструкција, како и да обезбедат советодавна и техничка помош“, се додава во соопштението.

Слични содржини