„Добро сум“: Се огласи Вучиќ по написите дека бил итно хоспитализиран

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по написите во некои медиуми дека итно е примен во болница, изјави дека е во добра здравствена состојба и дека денеска оди на планирана обиколка на областа Зајечар.

„Добро сум. Денеска од 12 часот одам во обиколка низ Србија“, изјави Вучиќ за „Спутник“.

Во четвртокот одредени медиуми во Србија ја објавија информацијата дека претседателот на Србија е во болница, а овие изјави прво се појавија на социјалните мрежи.

Вучиќ денеска од пладне е во посета на Заечарската област, а предвидено е да зборува на летната сцена „Врело“ во Сокобања.

Слични содржини