Докажано е дека кучињата можат позитивно да влијаат на нивните сопственици, а едно од општите верувања е дека кучињата ги препознаваат човечките особини и знаат кога некој ги лаже. Оваа тема ја истражуваше Акико Такаока, истражувач од Одделот за психологија на Универзитетот во Токио.
Во неколкугодишното истражување, кое го проучувало когнитивниот развој на животните, тој на различни начини ја тестирал идејата дека кучињата знаат кога некој ги измамил и се сеќаваат на луѓето кои ги измамиле. Оваа претпоставка се покажа како точна – не само тоа, туку кучињата, откако некој ќе ги измами, ја губат довербата во таа личност.
Еден од тие експерименти се одвивал на следниов начин: во истражувањето биле користени контејнери за храна, волонтери и кучиња. Друго лице ставало храна во некои контејнери, додека други останале празни, а кучињата не можеле да ја видат содржината додека не се приближат до контејнерот. Постапката била повторена неколку пати, а на крајот испаднало дека кучињата се сеќаваат кој ги измамил. Кога лицето повторно влегло во собата, повеќето од кучињата останале рамнодушни, додека некои покажувале знаци на гнев. Во исто време, тие покажаа наклонетост кон луѓето кои не ги измамиле, пренесува National Geographic.
Друга студија, спроведена од научници од Одделот за психологија на Универзитетот во Кјото, покажа дека кучињата разбираат кога некој лошо се однесува со членовите на нивното семејство и соодветно реагираат. Што ќе направат зависи од карактерот на кучето, но разбираат што се случува. Во експериментот учествувале кучиња со нивните сопственици и неколку доброволци кои им биле непознати на кучињата. Задачата на волонтерите била следна: некои се однесувале љубезно со сопствениците, додека други им викале и се однесувале агресивно.
Кога тогаш волонтерите им понудиле храна на кучињата, било откриено нешто многу интересно. Оние кои убаво се однесуваа со своите сопственици немаа проблеми – кучињата го прифатиле „тритот“ и дозволија галење. Од друга страна, оние кои се однесувале грдо предизвикале негативна реакција: некои кучиња не сакале да го прифатат, додека други, иако го прифатиле, одбиле понатамошна интеракција и едноставно се повлекле.