Поранешниот функционер на ДУИ, како и директор на „Комуналец“, Ракип Дочи објави статус на неговиот профил и предупреди дека партијата ќе го загуби и Скопје по лошите резултати на изборите.
-Никој нема право да се крие зад ликот на Али Ахмети, но тоа право го ужива Артан Груби, вели Дочи и нагласува дека ДУИ не може да биде ничија сопственост, бидејќи „тоа е тврдината градена од 2002 година со потта на многуброни активисти, тоа е замок, кој никој не смее да го земе“.
Замокот кој никој не може да го земе!Ако членството бара да се почитува меритократијата и конкретно одговорност и отчет за неуспехот на локалните избори во Тетово, тоа нема врска со ликот на Али Ахмети, туку има врска со носителите на овој неуспех на чело со Артан Груби!И ако сето ова се толерира, утре може да се изгуби во Скопје и пошироко. Така што оваа иницијатива е обид да се спаси ДУИ и конкретно неприкосновениот лидер Али Ахмеti, напиша