Бела Адид е еден од современите супермодели, дел од новата генерација.
Ја гледаме редовно по модните писти со новите предлози на едни од најпознатите модни куќи, ги краси рекламните кампањи, а во секојдневниот живот се претвора успешно во модна икона, која ги диктират актуелните трендови.
(ГАЛЕРИЈА18+) БЕЛА ЈА ЗАСЕНИ ЏИЏИ, ДВЕТЕ СЕСТРИ СОСЕМА ГОЛИ ЗА ВОГ
Стилот главно `и се карактеризира со комбинирање на строги кроеви со компоненти од спортски колекции.
Спортско-елегантен стил сигурно е заштитен знак на Бела Адид, но има една друга тенденција, која ја прави особено впечатлива- чоукерите.
Избраните додатоци претставуваат враќање на ретро годините во форма на ланец или ѓердан, залепен по вратот.
Омилените модели на убавицата обично се изработени или од злато или од црна кожа.
Фактичкиот тренд лесно се комбинира со друг накит и секаква облека, а вие можете да се послужете со малку инспирација од Бела Адид во нашата галерија.