Додека короната коси низ Европа, тајни забави никнуваат како печурки (ФОТО)

од Берта Китинска
252 прегледи

Во една темна уличка во Париз, има делумно отворен влез во напуштен подземен железнички тунел. Постои нелегална „рејв забава“ за 300 лица кои бараат бегство од „карантинот“ наметната во Франција поради зајакнување на вториот бран на пандемијата.

„Затвори ја вратата“, шепоти портирот, скриен во сенките до кои стигна само светлината од мобилниот телефон.

Билетите од 15 евра за саботната забава „Сакам да се ослободам “ беа веднаш продадени од членовите на приватна Фејсбук група и беа грабнати за неколку часа.

Но, адресата на приватниот настан во 13-та област беше тајна до последен момент. Правилата се строги – дојдете сами или во група до три лица помеѓу 20 и 21 часот.

Техно-музика одекнуваше од пештерата украсена со неонска светлина и психоделични проекции на идовите.

– Одлучивме да се спротивставиме и да ја објавиме оваа покана да се скриеме и да се забавуваме заедно, бидејќи нема повеќе места каде што можат да се собираат младите – рече 27-годишниот организатор. Тој не сакаше да го каже своето вистинско име и побара да биде наречен „Александар“.

– Сега знаеме како да го организираме, за помалку од два часа можеме да се сретнеме насекаде и да организираме приватна забава како оваа – додаде тој.

 

Слични содржини