Додека Погба слави дека му е намалена казната, Јувентус сака да го отпушти

од Nikola Popovski
106 прегледи

Францускиот фудбалер Пол Погба изјави дека едвај чека да се врати на терените, откако Судот за спортска арбитража ја намали суспензијата на играчот на Јувентус поради допинг од четири години на 18 месеци.

Погба беше позитивен на тестостерон во август 2023 година. Францускиот фудбалер потоа беше суспендиран на четири години на крајот на февруари. Тој би можел да се врати на терените во март 2025 година.

„Кошмарот конечно заврши. Со нетрпение го очекувам денот кога повторно ќе можам да ги следам моите соништа. Отсекогаш сум велел дека намерно не ги прекршив антидопинг правилата. Играм фер, на овој начин сакам да му се заблагодарам на Судот за спортска арбитража, кој го слушна моето објаснување. Ова беше многу вознемирувачки период во мојот живот. Едвај чекам да се вратам на теренот“, соопшти Погба, а пренесуваат италијанските медиуми.

Погба (31) има договор со Јувентус до јуни 2026 година. Тој е член на Јувентус од 2022 година, а претходно играше за клубот од Торино од 2012 до 2016 година Францускиот фудбалер играше за Манчестер Јунајтед од 2011 до 2012 година, а од 2016 до 2022 година.

Италијанските медиуми пренесуваат дека челниците на Јувентус ја разгледуваат можноста да го раскинат договорот со Погба, по што тој ќе може да си побара нов клуб.

Слични содржини