Додека работниците чекаат покачување, Владата му ја зголеми платата на Стојанче Ангелов за 200 евра

од Марта Пешевска
43 прегледи

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, доби месечно зголемување на платата од околу 200 евра, што значи дека сега неговата плата изнесува околу 105.000 денари. Оваа информација беше потврдена во официјалната одлука објавена во Службениот весник, а ја пренесе претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов.

Трендафилов преку својот Фејсбук профил постави прашање до надлежните: ако нема средства за покачување на платите на обичните работници, како тогаш може да има зголемување за функционерите?

Трендафилов: Има доволно пари за функционерите кои си добија покачување од 13,8%, додека работниците остануваат на цедило

повеќе на следниот линк:

Слични содржини