Додека се бара нов датум за избори , работната група конечно на темата Избирачки список

од Vladimir Zorba
112 прегледи

По последните настани со „излетитте на ХАН“ и укорот па ретерирњето,  и различниот став на  европарламентарците и амбасадата на САД, станува јасно дека политичката криза нема да заврши наскоро и дека на 24-ти април сигурно нема да се одржат предвремени парламентарни избори, во Македонија. Многу веројатно е тие да се одложат два три месеца подоцна или и најрано со  почетокот на есента.избори

Денеска белгискиот медијатор Питер Ван Хауте ги собира работните гргупи  на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, да се договорат за методологијата за прочистување на Избирачкиот список . Претсесдателот на ДИК  Алекснадар Чичаковски вчера беше многу јасен- нема услови за кредибилни и фер избори, а тоа зошто Хан излажа, или биле „грешки во преводот со Груевски“  е друга тема. Веројатно токму поради тоа,  Чичаковски на три страни образложи зошто тој е сигурен дека нема услови, за да никој не ги злоупотребува неговите изјави. Вчерашниот состанок на партиските работни групи,  Ванхауте и Чичаковски со независните експерти на ДИК,  бил на иницијатива на претседателот на ДИК, Александар Чичаковки, кој сакал пред партиите да го презентира она што му го кажал на еврокомесарот Јоханес Хан , и  дека намерно или ненамерно бил изваден од контекст

ДИК се изјасни: Не сме спремни за кредибилни избори

. Од друга страна веќе се поизвесно е дека партиите бараат нов датум за избори.Иако избирачкиот список не е јавно објавен, сеуште нема детали од Специјаното обвинителство на Катица Јанева кои најавија дека се при крај со истрагата за бомбата која се однесува на местењето на претходните избори и фантомиите во избираччкиот список, сепак се лицитира со датум за избори за 5 јуни, или тогаш или на редовни избори за 2 години.

Телевизијата Алсат М, повикувајќи се на свои извори, вчера објави дека новиот датум  за организирање на изборите околу која преговараат партиите е петти јуни. Околу овој  датум наводно имало согласност од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и од ДПА, додека се чекало да се изјасни СДСМ. За тоа дека се брка датум потврди и Хан кој вели дека оставил таква можност партиите сами да се договорат за денот на изборите.

На денешниот состанок на работната група ќе се разгледуваат двата предлог правилника за начинот на водење, ажурирање и прочистување на Избирачкиот список што Државната изборна комисија ги испратила до партиите. Иако овие предлог-правилници се подготвени, сепак, партиите ќе треба да се договорат како ќе се прави прочистувањето на Избирачкиот список, дали со целосна теренска проверка од куќа до куќа, како што беше договорено или само ќе се проверуваат сомнителните адреси.

Паралелно со избирачкиот список, олеснувачот во преговорите  Ванхојте најавуваат дека нема запирање и за реформите во медиумите. За тоа дополнително ќе биде договорено, што тоа ќе значи . Како и да е јасно е  „ дека по излетот од петок со Хан“ , преговарачкиот процес продолжува.