Додека Шведска игра ЕУРО, видеото на Златан од Мајорка брои милиони лајкови

од Vladimir Zorba

Фудбалската репрезентација на Шведска игра добро на ова Европско првенство. По два одиграни натпревари, Швеѓаните имаат четири бода. Иако првично требаше да игра на Европското, Златан Ибрахимовиќ испадна од списокот поради повреда, но неговата репрезентација добро се снаоѓа без него.

И додека неговите соиграчи играат на шампионатот на Стариот континент, Ибрахимовиќ ужива на одморот во Мајорка. Тој на Инстаграм објави видео на кое вози велосипед покрај морето без помош на рацете. Тоа видео доби над милион лајкови.

Ибрахимовиќ е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Шведска со 62 погодоци. Напаѓачот се врати во националниот тим пред двата квалификациски меча за СП во март, и забележа две асистенции. 39-годишниот играч на Милан беше потребен за ЕУРО, но тој се повреди непосредно пред објавувањето на списокот.

Слични содржини