Директорката на Државниот инспекторат Анита Симеска вели дека во нивна надлежност ќе биде само контролата на угостителските објекти, додека пак обрска на угостителите е редарската служби да ги поврува гостите дали имаат вакцинален сертификат против ковид 19. Таа е убедена дека оваа заштитна здравствена мерка ќе вроди со плод и дека целата контролана постапка ќе биде согласно законите и заштита на личните податоци.
-Нашите проценки се дека нема да ни треба полициска придржба. Но ние со МВР веќе договоривме дека ќе ги поддржат сите наши барања за добивање на полициска асистенција. Сметам дека сепак од такво нешто нема да има потреба. Ние во постапката ќе ја имаме обврската да ја утврдиме фактичка состојба во моментот на надзорот и единствено ќе работиме со угостителот. Утврдувањето на фактичката состојба го подразбира, следново – субјектот е должен да ни ги даде сите документи и информации што се потребни за вршење на инспекцискиот надзор. Пазарните инспектори нема да бараат ништо од гостите кои седат на масите. Целта на контролата е барање на докази и информации од угостителот, вклучително и тоа дали гостите покажале сертификат за имунизација, вели Симоска.
На ваквиот став на Симеска реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението до медиумите, од партијата на Христијан Мцкоски, велат дека новите мерки немале никаква логика, а директорката Симеска не знаеа што се случува. ВМРО-ДПМНЕ смета дека владините мерки против Ковид 19 ќе ја колабираат економијата.
-Симеска ќе стане полицаец, дали следно ќе се бара од граѓаните во ЈСП и меѓуградскиот превоз да поседуваат сертификат за вакцина? Државниот пазарен инспекторат и директорката Анита Симеска по насока на Заев ќе стане поголем полицаец од МВР. Не само што новите мерки немаат никаква логика, туку и директорката Симеска не знае што се случува, ни како истите да ги примени, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ пак, сметаат дека новите мерки се за заштита на граѓаните и на масовната имунизација а Мицкоски претставувал најголема опасност по здравјето на граѓаните и дека сите свои фрустрации лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ги истура врз граѓаните, врз институциите, врз државата.
-Не се памети волку деструктивно, штетно делување на некоја опозиција, како ова што го прави Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ. Од самиот почеток на ковид кризата, Мицкоски прави се да го поткопа здравствениот систем, да поттикне непочитување на мерките. Граѓаните ги паметеат сите лаги на Мицкоски дека нема доволно тестови, дека нема опрема, дека немаме капацитет да се справиме со вирусот. Сето ова додека го гледавме на слики по кафеани и теретани, велат од СДСМ.
Б.Т.