Додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да се смени Уставот, вели Мицкоски

од Берта Китинска
170 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протест го повика премиерот Димитар Ковачевски да го одбие францускиот предлог за одблокирање на македонските евроинтеграции.

-Додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да се смени Уставот за бугарските барања да бидат дел од него.Ниту јас ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати понижувачки договор на штета на националните интереси. Ако Владата реши да го носи надвор од Собранието или на сила во Собранието, тогаш идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува ниту една точка“,изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протест.

Според предлогот, пристапните преговори на ЕУ со Македонија нема да почнат додека не бидат внесени Бугарите во македонскиот устав.