Доделени 50 милиони долари отштета за полициска бруталност во Кливленд

од desk2
73 прегледи

Поротата на судот во Кливленд додели 50 милиони долари отштета на човекот кој тврдел дека полицајците го тепале додека бил врзан со лисици и дека го заклучиле во магацин каде го држеле четири дена без храна и вода и без тоалет.

Поротата на 52-годишниот Арнолд Блек кој го тужел источен Кливленд и полицијата, му доделила 20 милиони долари за надокнада на штета и 30 милиони долари казнена отштета.