Доделени „Брит“ наградите: Бијонсе и Адел повторно со признанија

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Музичка разновидност, изненадувања и тага ја одбележаа овогодинешната церемонија на доделување на Британските музички награди “Брит“ во Лондон.

Дејвид Боуви освои постхумно две награди „Брит“ за време на исполнетата со емоции церемонија, која ја истакна загубата и на други од големи имиња во музичкиот шоу бизнис – Џорџ Мајкл, Принс, Леонард Коен.

Организаторите одвоиле посебно внимание на починатиот овој Божиќ феноменален изведувач Џорџ Мајкл, посветувајќи му цели два трибјута. За време на една од изведбите, партнерот на Мајкл од групата Wham! Ендрју Риџ и двата беквокали – Пепси и Ширли ги споделија своите сеќавања, впечатоци и прекрасни зборови за починатиот пријател.

“Една супернова меѓу пространство од блескави ѕвезди изгасне и имав чувство дека небото е урнато”, беше најголемите дефиниции за Џорџ Мајкл, споделени од Риџ.

Во вториот дел од трибјутот, пак, вокалот на “Колдплеј” – Крис Мартин ја исполни со гудачки квартет песната “A Different Corner” на скандалозниот пејач.

Во меѓувреме Боуви стана првиот изведувач кој заработува статуетка од Британските музички награди по својата смрт. А тој дури грабна две – една за “Најдобар британски изведувач” и втора за албумот “Блекстар” во категоријата “Најдобар албум”.

Скоро 5 години, откако се истрела на врвот со настап на Олимписките игри во Лондон, Шкотландката Емили Санде пак ја грабна титулата за “Најдобра британска соло изведувачка” и покажа зошто ја заслужува наградата со прекрасно исполнување на сцената на “О2 Арена”.

“Женската сила” продолжи и со победата на четирите дами од “Литл Микс”, кои ги победија дури “Колдплеј“ и победија во категоријата за “Најдобар британски сингл”. Тие станаа првата женска група во историјата на наградите, која победи во оваа категорија.

Во изборот на за деби на британската сцена немаше изненадување – статуетката отиде кај  Rag’n’Bone Man, кој во декември стана и овогодинешниот избор на критичарите на наградите Брит. Изведувачот кој дебитираше оваа година заслужено беше прогласен за победник во категоријата “Избор на критичарите” од експерти во областа на музиката.

(ГАЛЕРИЈА) Битка помеѓу дивите на црвениот тепих на „Брит“ наградите 2017

Оваа година Брит го оддадоа своето признание и кон музичкиот придонес на многу изведувачи од малцинствата по минатогодишната критика во овој поглед.

Црниот рапер Дрејк беше еден од нив – тој победи во категоријата “најдобар британски соло изведувач” и покрај силната конкуренција во лицето на Бруно Марс, Бон Ајвер, “Да Викенд” и покојниот Леонард Коен.

Бијонсе пак го грабна одликувањето само за “Најдобра интернационална пејачка”, а Адел – за глобален успех.

Оваа година наградите беа дизајн на архитектката Заха Адид, која исто така почина минатата година.