Доделени новинарските награди „Никола Младенов“: Признанија за ИРЛ, Мехмети и Манасиев

од Nikola Popovski

Новинарите од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја добија наградата „Никола Младенов 2020″ за Најдобра истражувачка сторија за серијалот текстови на тема „Пандемско профитерство – другата страна на приказната за Ковид-19″.

Фоторепортерката Арбнора Мехмети ја доби наградата за најдобра фотографија за 2020 година со патките кои преминуваат улица за време на викенд-карантин.

Александар Манасиев е награден за најдобар иновативен новинарски производ за мултимедијалната сторија „Тивките балкански убијци“ за влијанието на термоцентралите врз животната средина, објавена на интернет платформата „Види вака“.

Наградите се доделуваат традиционално по дваесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за  унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.

Слични содржини