Доделени сертификати за Халал стандарди

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Агенцијата за Халал стандарди и Исламската верска заедница доделија сертификати за Халал стандардот на шест компании. Во процедура се уште 14 компании, на кои треба да им биде доделен овој сертификат. Од 2009 година досега вкупно 27 компании имаат воведено Халал стандард.

246266

Македонскиот Халал пазар е тежок околу 2 милијарди долари. Од компаниите велат дека со овие сертификати им се отвораат вратите за извоз на странските пазари. Министерството за економија субвенционира 70% од трошоците за воведување на Халал стандардот.

„Халал пазарот останува еден од најдинамичните и економски атрактивни пазари. За едно мало стопанство како што е опшетсвото на Република Македонија, можностите на овој пазар секако се големи и се силен економски предизвик. Во Република Македонија од 2009 се имаат воведено Халал стандард вкупно 27 компании од прехрамбената индустрија, млекото и млените производи, месо и месни производи, производство на вода за пиење,кланици,живинраски фарми”, рече Мухамер Весели, Директор на Агенција за Халал стандард.