Додик: Босна и Херцеговина не е наша држава, тука сме затоа што мораме

од Nikola Popovski
354 прегледи

Босна и Херцеговина не е наша земја, нашата земја е Република Српска, а во БиХ сме затоа што мораме, изјавиl лидерот на Република Српска, Милорад Додик, пренесоа медиумските агенции.

На одбележувањето на пробивот на коридорот низ Посавина, со кој се воспостави копнена врска на Бањалука и Краина со Србија во 1992 година, Додик рече дека коридорот ги „одбележал границите на РС“.

-Република Српска води идентични битки како пред 31 година, кои денес се политички. На РС и оди добро, таа е сигурна и имаме повеќе пријатели на меѓународно ниво од кога било досега. Сите знаат за Српска, од Русија до ЕУ, рече Додик.

Тој додаде дека Националното собрание на РС ќе донесе одлуки за Уставниот суд на БиХ, кои ќе бидат почитувани, за да биде заштитена Република Српска.

– Ние ќе ги донесеме нашите одлуки. Доколку не ја почитуваат Република Српска, се разбира дека нема да има ниту Босна и Херцеговина, заклучил Додик.

Слични содржини