Додик е позитивен на коронавирус

од Nikola Popovski
445 прегледи

Милорад Додик, српскиот член на Претседателството на БиХ, по третпат беше тестиран за коронавирус, а овојпат тестот е позитивен.

Оваа информација беше објавена од Универзитетско-клиничкиот центар на Република Српска, каде што денес советот на лекари расправаше за здравствената состојба на српскиот член и претседател на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, пишува „Српскаинфо“.

„Забележано е дека тој има потешкотии во дишењето и болки во стомакот. Билатерална пневмонија е дијагностицирана, а третиот тест за новиот коронавирус е позитивен. Здравствената состојба на г-дин Милорад Додик е стабилна, тој се чувствува добро и прима соодветна терапија“, соопштиле од УКЦ.

Конзилиум продолжува да го следи неговото здравје.

Да потсетиме, Милорад Додик беше хоспитализиран на 20 декември во вечерните часови. Лекарите прво тврдеа дека има билатерална пневмонија, но подоцна УКЦ соопшти дека тој е во болница поради мачнина и стомачни проблеми.