Додик го брани Младиќ: Пресудата против генералот нема никаква врска со правото и правдата

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Пресудата против генералот Ратко Младиќ нема никаква врска со правото и правдата, рече Милорад Додик, српски член и претседател на Претседателството на БиХ, веднаш по изрекувањето на пресудата за генералот Ратко Младиќ.

Како поддршка на тоа, Додик потсети на прес-конференција во Бања Лука дека во БиХ починале вкупно 96.000 луѓе, од кои над 30.000 биле Срби, што е 30 проценти.

„И погледнете ги пресудите на Хашкиот трибунал. Анте Готовина, Насер Ориќ, Атиф Дудаковиќ и многу други ја гледаат оваа пресуда од нивните домови, како слободни луѓе, а ние знаеме какви злосторства сторија против српскиот народ“, изјави Додик.

Тој посочи дека Хашкиот трибунал ја повторил селективната правда и придонел за продлабочување на недовербата меѓу народите во БиХ.

„Мислам дека само генералот Младиќ беше испратен во директна легенда, а српскиот народ ќе знае дека без неговиот дух, страдањата на нашиот народ ќе беа многу поголеми“, рече Додик, пренесува Танјуг.

Слични содржини