Додик: Ќе го тужиме Ковакс, се мајтапат со нашите платени вакцини

од Nikola Popovski

Тројцата членови на Претседателството на БиХ, како и претседателот на Советот на министри на БиХ и премиерите на ентитетите, на состанокот во Сараево се согласиле дека ќе се обидат да обезбедат вакцини против КОВИД 19 што е можно поскоро.

Претседателот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, рече дека БиХ ќе го тужи Ковакс доколку овој меѓународен механизам го пробие крајниот рок за испорака на вакцините во БиХ. Тој рече дека БиХ направила се за да ја набави вакцината преку Ковакс системот и дека се нарачани и платени повеќе од 1,2 милиони дози, а дека тие „играат мајтап со нивните вакцини“, објави босанските медиуми.

Жељко Комшиќ рече дека, како и сите граѓани, тој се чувствува незадоволен, но не се смета себеси за одговорен.
Тој рече дека договорот што БиХ го потпишала со Ковакс бил со рок до крајот на март, но јасно е дека тој ќе биде прекршен.

Слични содржини