Додик: Нашиот главен град е Белград, а не Сараево

од Симе Стоиков

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, рече дека Република Српска во секој поглед е ориентирана кон Србија и дека нејзиниот главен град е Белград.

„Нашиот главен град е Белград, a не Сараево. А втората престолнина е Бања Лука. Да не ја работев оваа работа, никогаш немаше да одам во Сараево“, рече Додик, говорејќи пред новинарите по повод отворањето на Меѓународниот бизнис саем во Бања Лука.

Додик повторно зборуваше за „мирното заминување“ на Република Српска од БиХ, наведувајќи дека БиХ е проблемот на опстанокот на Србите во тие области.

„Ќе почекаме. Колку што е потребно, ќе чекаме. На крајот на патувањето, ќе ја напуштиме Босна и Херцеговина. Не сакаме да бидеме во нejзе, таа е проблемот на нашиот опстанок“, рече тој.

Според него, да не беше Босна и Херцеговина, РС ќе беше многу подобра и поразвиена и „лидер за влезот во ЕУ“.

Тој додаде дека ЕУ сака да ја централизира БиХ преку европскиот пат и дека тоа нема да се случи. Тој го обвини високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, дека се обидува да и го „отежне животот“ на Република Српска..

Тој повтори дека властите на РС дале рок од седум дена да ги повлечат сите одлуки наметнати од Шмит, а доколку тоа не се случи, претставниците на РС во парламентот на БиХ ќе покренат иницијатива за укинување на одлуките на високиот претставник.

Слични содржини