218
Кандидатот за претседател на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека победил на претседателските избори врз основа на 98 отсто преброени гласови и дека има 29.000 гласови повеќе од второпласираниот кандидат.
Додик на прес-конференцијата во Белград оцени дека станува збор за недостижна разлика, имајќи предвид дека допрва треба да се пребројат околу 12.000 гласови.