Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денес во Бања Лука изјави дека нема да потпише никаков договор за прифаќање мигранти од која било област.
„Ова е неприфатливо за нас. Ни беше јасно кога британскиот министер за надворешни работи (Дејвид Леми) дојде во Сараево дека ова е главното прашање. Нема поддршка за Босна, за демократските процеси, тоа беше главното прашање, да се почувствува атмосферата“, рече Додик на прес-конференција.
Тој додаде дека, како што наведе, муслиманите (Бошњаците) му рекле на британскиот министер дека тоа е во ред, нагласувајќи дека „ако сакаат нелегално да ги населат во Федерацијата на Босна и Херцеговина, тоа е нивен проблем, но дека нема да можат да го сторат тоа во Република Српска“.
Тој потсети дека дури и за време на мигрантската криза, Република Српска не дозволила да бидат населени на нејзина територија.
„Рековме дека не се добредојдени тука и им обезбедивме брз премин. Нема причина да го промениме нашиот пристап, без оглед на фактот што сега го слушаме британскиот премиер кој не пропушта можност да каже дека БиХ треба да ги прифати своите деликвентни мигранти“, рече Додик.