Додик се весели со хармоникаш во зградата на Претседателството на БиХ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Настапот на веселиот хармоникаш во канцеларијата на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, денеска предизвика лавина коментари.

Музичарот кој денеска свирел и пеел со Додик во Сараево е Мирослав Матиќ од Бања Лука, пишува Српскаинфо.

Матиќ е член на оркестарот на фолклорното друштво „Маслеша“, и дел од бендот „Матиќ Оркестар“, кој настапува на разни свечености.

– Оркестарот Матиќ ќе ја направи вашата прослава посебна и незаборавна. Жанр фолк, поп, рок, традиционален, свадби, крштевки, родендени итн. – стои во рекламата на оркестарот Матиќ.

Српскиот член на Претседателството на БиХ денеска пееше во зградата на Претседателството на БиХ, па на репертоарот беше и познатиот хит на пејачот Халид Беглиќ „Романија“.

Во весело расположение, Додик, министерот за надворешна трговија и економски односи во Советот на министри Сташа Косарац и членовите на Кабинетот на српскиот член на Претседателството пееја познати хитови, меѓу кои и „Srpkinja je mene majka rodila“, „Raširi ruke majko stara“.

 

 

Слични содржини