Додик: Србија и Република Српска нема да влезат во НАТО

од Nikola Popovski
449 прегледи

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека ги почитува изборите во Македонија, политичките случувања и членството во асоцијации, но дека по бомбардирањето на НАТО, ниту Србија, ниту Република Српска не сакаат да бидат членки на тој сојуз.

„Мораме да се свртиме кон себе, кон нашите најблиски, кон нашите браќа и сестри и да ги градиме нашите животи во мир, стабилност, развој и иднина која ќе обезбеди еднакви права за сите. Тоа го учиме и продолжуваме да го учиме и ден денес од она што нè научи Свети Сава“, рече Додик за време на своето обраќање на Светосавската академија во Скопје.

Тој истакнал дека денес мора да се биде рационален и реален.

„Ние сме на европскиот пат, но гледаме дека токму Европа е таа што најмногу се посрамоти во Северна Македонија, која направи многу отстапки и малку доби од таа Европа. И еден ден ќе треба да застанеме и добро да размислиме дали треба да продолжиме по овој пат“, рекол Додик.

Тој од Скопје додал дека Европа, исто така, ја изгубила својата конкурентна способност да остане во чекор со глобалните економии на другите асоцијации. Зборувајќи за конфликтот во Украина, Додик посочи и дека рускиот претседател Владимир Путин и раководството направиле се за да ги одбранат руските национални државни интереси во вистински момент и во вистинско време.

„За жал, има жртви и оние кои ги загубија животите, но Русија не требаше да дозволи НАТО да се постави на место од кое Москва и другите делови би можеле да бидат загрозени, особено по она што го рече Збигњев Бжежински, да се распадне на десетина одделни држави за да се контролираат руските ресурси“, навел Додик при обраќањето на настанот во МНТ.

Слични содржини