Милорад Додик, претседателот на Република Српска, синоќа во Народното собрание на РС изјави дека оваа недела во Босна и Херцеговина пристигнале 300 припадници на унгарската специјална полиција. Како што рече, тие се лоцирани во објектите на Министерството за внатрешни работи на РС во Бања Лука.
„Морам да ве информирам дека сум горд. Се договорив со премиерот Орбан нивната терористичка единица, 300 луѓе, да дојде во РС и заедно со Специјалната антитерористичка единица на Министерството за внатрешни работи на РС, да имаат обука и вежби“, изјавил Додик.
Унгарските специјалци пристигнаа во РС само неколку дена пред пресудата на Судот на БиХ во случајот против Додик. Засега не се знае како припадниците на овие специјални сили влегле во БиХ.
Да потсетиме, Додик минатата недела се сретна со Виктор Орбан. Главна тема на разговорот, соопштија од кабинетот на Додик, биле заедничките проекти и актуелната политичка ситуација во Европа.
Унгарскиот премиер рече дека се надева оти „новите ветрови“ во меѓународната политика ќе ги запрат политичките напади врз претседателот на Република Српска. По средбата Додик истакнал дека Орбан е доверлив партнер и човек со визија, додавајќи дека многу од неговите прогнози се покажале како точни.