32
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека е „општо познато“ дека Разузнавачко-безбедносната агенција (ОБА) на Босна и Херцеговина планирала негова ликвидација како и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој рече дека тоа е една од причините поради која поранешниот директор на ОБА Осман Мехмедагиќ Осмица е во затвор.
„Тоа беше целосно разработена шема во која тие прво развија мрежа за мониторинг во Србија на претседателот Вучиќ и неговите активности. Тие ги подготвија медиумите за се, од Федерацијата на Босна и Херцеговина до Вучиќ и мене“, рече Додик.
Според него, сега има „доказ од организациски карактер“ дека групи се подготвувале за егзекуција, пренесе Бета.