Додик: Вештачката криза ќе престане, тогаш кога БиХ ќе исчезне

од Nikola Popovski
237 прегледи

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека не очекува санкции кон себе, но и против некои други претставници на Република Српска.

Тој го изјави ова по состанокот со српските претставници во заедничките институции на БиХ, пренесува бањалучкиот портал „Независне“.

„Вие во Сараево сте навикнати да ги повикувате странците да не казнуваат кога вие не можете да го направите тоа. Ова е легална одлука на властите на РС“, рече Додик.

На прашањето кога ќе престане да произведува вештачки кризи, Додик рече дека „вештачката криза ќе престане кога БиХ ќе исчезне“.