Додик за американските санкции врз Вулин: „Брате, добредојде во клубот, сега ќе ти биде полесно“

од Nikola Popovski
557 прегледи

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, го осуди воведувањето американски санкции врз директорот на Безбедносно-информациската агенција (БИА) на Србија, Александар Вулин, оценувајќи дека тие се знак дека Вулин работел и работи во корист на неговата земјата и неговиот народ. Запрашан за коментар за ставањето на Вулин на американската „црна листа“, Додик рече дека тоа е „награда за неговиот патриотизам и истрајност во зачувувањето на пријателските односи со Русија и рускиот народ“.

„Секој кој е неутрален на денешната глобална политичка сцена и не зазема страна на американските интереси е непријател на САД. Александар Вулин е „виновен“ за САД, бидејќи остана принципиелен и експресно против воведувањето санкции против Русија поради руско-украинскиот конфликт“, изјави Додик, пренесуваат бањалучките медиуми.

Според неговите зборови, тој самиот се нашол на американската црна листа, бидејќи, како што навел, Република Српска била против воведување санкции против Русија и се залагала за неутрална позиција.

Додал дека поради тоа „се чувствува многу добро“, а на Вулин му порача „Брате, добредојде во клубот на санкционирани, сега ќе ти биде полесно“.

Вулин е ставен на американската „црна листа“ поради, како што е објаснето, вмешаност во „меѓународен организиран криминал, нелегална трговија со наркотици и злоупотреба на јавна функција“.

Додик двапати беше ставен на американската „црна листа“, првиот пат во 2017 година поради попречување на Дејтонскиот мировен договор, а потоа САД му воведоа дополнителни санкции во јануари минатата година, поради неговата вмешаност во коруптивни практики и поткопување Дејтонскиот договор.

И Велика Британија воведе санкции за Додика.

Слични содржини