Додик за Босна и Херцеговина: Или нов договор или да се разделиме

од Nikola Popovski
59 прегледи

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик порача дека единственото решение за Босна и Херцеговина е или нов договор или распад.

„БиХ никогаш не била излезена од криза. Таа е невозможна земја, во постојана криза. Излегува од еден кризен процес и влегува во друг“, рекол Додик.

Оценува дека Босна и Херцеговина е несакана земја.

„Муслиманите не сакаат ваква, тие сакаат унитарна Босна и Херцеговина. Ние Србите веруваме дека ни ја одзедоа автономијата што ни беше дадена. Хрватите се целосно обезвластени. Меѓународната заедница е фрустрирана од неуспехот“, додал тој.

Според лидерот на босанските Срби, луѓето гледаат околу нив и гледаат дека ситуацијата во БиХ е стабилна и уредна.

„Нема посебни предизвици и нема да има“, кажл тој. Додик посочува дека архитектите на Дејтонскиот договор ја завршиле работата оној ден кога ја исцртувале границата меѓу ентитетите.

„БиХ е поделена“, додал Додик, пренесува РТРС.

Слични содржини