Догодина свидетелствата ќе заминат во историјата

од Nikola Popovski
17 прегледи

Печатените свидетелства заминуваат во историјата. Учениците од основното и средното образование, успехот ќе го добиваат во електронска форма. Ова денеска го изјави министерката за образование, Весна Јаневска.

Според министерката, оваа промена нема да значи трошок за родителите, место на училиштата, како до сега, кога печатеа и издаваа свидетелства, затоа што за запишување во средно училиште или на факултет, системите се поврзани, па тие ќе можат да ги повлечат свидетелствата за конкретниот ученик и да имаат увид во неговиот успех.

-Од идната година нема да мораме да печатиме свидетелства, ќе заштедиме на хартија. Бирото го прави сега тоа, a од идната година ќе можат, бидејќи свидетелствата и не им се потребни до деветo одделение, им требаат при упис секако и да го знаат својот успех. Но бидејќи училиштата им ги бараат сите свидетелства, системот сам ќе си ги повлече во електронска форма. Доколку училиштето одлучи дека има потреба од свидетелства за да ги израдува децата на крај на година, ќе можат самите да ги печатат. Ние како држава не ќе мора да трошиме средства и хартија за тоа да го спроведеме, исткана Јаневска.

Заврши второто електронско пријавување за основците кои се запишуваат во средно. Ресорната министерка вели дека на крај сè зависи од успехот од минатото.

Слични содржини