Договор за признавање на квалификациите на доктори, забари и архитекти во рамки на Централно-европскиот Договор за слободна трговија

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Владата го утврди и текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите, во контекст на Централно-европскиот Договор за слободна трговија.

Договорот, како што е објаснето од предлагачот, предвидува автоматско признавање на професионалните квалификации врз основа на минималните барања за трите професии утврдени со овој Договор и со Директива 2005/36/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 7 септември 2005 година, за признавање на професионалните квалификации, изменета со Директивата 2013/55/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 20 ноември 2013 година.

Договорот предвидува заедничка постапка за признавање на професионални квалификации, постапката за регресно признавање квалификации, ги предидува јавните исправи коишто се потребни за признавање на професионалните квалификации, за употреба на професионални звања на квалификации, како и употреба на академски звања.

Слични содржини