Договор за секс или грабеж? Се испитуваат мотивите за убиството на Македонецот во Бугарија

од Nikola Popovski

14-годишникот Бугарин приведен за убиството на Македонецот И.Н кај Сончев Брег, Бугарија имал криминално досие. Против него е поведена предистражна постапка за разбојништво, како и за кражба. Ова било соопштено денеска од тамошните полициски власти за бугарските медиуми.

Од бугарска „Нова“ објавија дека осомничениот и македонскиот државјанин не се познавале пред кобниот ден.

„Тие остварија контакт на улица. Според податоците, имало некаков договор за сексуален контакт. Потоа отишле на местото на злосторството. Жртвата е убиена со удар со колец“, изјавил началникот на полицијата во Бургас, Калојан Калојанов.

Другиот можен мотив за злосторството е грабеж.

„Недостасуваат 1.800 лева. Утврдено е дека дел од нив е искористен за купување на залог во заложна куќа. Со останатото, сторителот си купил работи“, додал Калојанов.

Малолетникот се соочува со максимална казна до пет години затвор.

„Изјави дека бил повикан од македонскиот државјанин на секс“, изјавил обвинителот Иван Кирков и додал:

„Тие отишле во шумата, но момчето потоа ја напуштило локацијата. Оштетениот го повлекол и тој во своја одбрана земал колец и го удрил неколку пати по главата, по што се оддалечил. Ја сокрил информацијата дека ги зел парите“, изнел детали обвинителот.

Момчето е од семејство со низок социјален статус. Неговите родители живеат од заедничка работа, стои во текстот на бугарска „Нова“.

Слични содржини