292
Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за закуп на градежно земјиште со турската компанија „Пурпласт“.
На настанот ќе се обратат вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски.
Турската компанија „Пурпласт“ е основана во 1980 година и произведува пластични делови за автомобилската индустрија, меѓу кои и за Мерцедес, БМВ, Форд, Волво, МАН и други.