Договорот ЕУ-Анкара за мигрантите не функционира, и рекол Ердоган на Меркел

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и порачал на германската канцеларка Ангела Меркел дека договорот ЕУ-Анкара за мигрантите не функционира и треба да се ревидира, соопшти турското претседателство.

Во телефонски разговор, Ердоган и споделил на Меркел дека целта на прекинот на огнот во Идлиб, што тој го договорил со Владимир Путин, е да ги заштити цивилите и турската армија.

Анкара инаку ја отвори вратата за мигрантите да влезат во Европа откако 33 турски војници беа убиени во напад на силите на сирискиот режим.

Од ескалацијата на конфликтот во Сирија, во Турција има скоро четири милиони мигранти.

Европската унија ги повика мигрантите да не ја преминуваат границата со Грција.