Европската комисија ќе испита дали стекнувањето на Shazam од Apple Inc. не ги крши законите за конкуренција во Европа. Неколку држави, меѓу кои Австрија, Франција, Исланд и Шпанија, инсистираат да биде извршено такво истражување, за да се разбере дали стекнувањето ги почитува законите за спојувања на Европската унија.
Потсетуваме дека во декември Apple потврди дека ја добила базираната во Велика Британија компанија Shazam во ера, во која производителот на iPhone бара нови извори на приходи. Износот не беше објавен, но разни извори тврдат дека е околу 400 милиони долари.
Засегнатите земји од Европската унија се загрижени дека кога Apple ќе одлучи што да прави со Shazam (на пример да ја вклучи функционалноста во Apple Music), тоа може да и попречи на конкуренцијата.
Сега Apple ќе мора да се придржува до одлуката на Европската комисија, која може да одобри спојување без дополнителни барања или да започне истрага.