Договорот од Преспа беше исклучително постигнување, тоа е завршена работа, вели Рикер

од Vladimir Zorba
316 прегледи

Договорот од Преспа беше исклучително постигнување. Вистински пример за храбра, прагматична дипломатија што ја отстрани една од најголемите пречки на патот на евроатлантската интеграција. Напредокот од тогаш е голем. Северна Македонија е на пат да ги почне преговорите за членство со ЕУ и сигурен сум дека тоа ќе се случи, изјави помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер во разговор за 360 степени.

За однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кон Договорт од Преспа, вели дека тоа е веќе „завршена работа“.

– Многумина од меѓународната заедница, дојдовме во Охрид за да ја прославиме и истакнеме важноста на Договорот од Преспа и што претставува тоа. Направи значајни разлика, не само со тоа што отстрани препреки на патот, туку што овозможи да се зголеми соработката во регионот, придонесе за енергетска сигурност, за трговија, за инвестиции. Ова е уште едно долго поглавје, но со големи можности. Само погледнете ги одличните односи меѓу Северна Македонија и Грција кои се развија во сите сфери, од одбраната и безбедноста, како сојузници, до економските можности. Тоа ќе станува уште поважно како излегуваме од ковид, фокусирајќи се на економското закрепнување, фокусирајќи се на ланците на снабдување, на отпорноста. Тоа е иднината. Да се напредува и да не се гледа назад. Да се работи заедно. Не станува збор за партиски позиции и идеологии туку придвижување на земјата напред заедно, истакна Рикер.

Слични содржини