Очекуваната продажба на Челси најверојатно ќе се одложи, објави британскиот печат на денешните страници. Ова се должи на сложените процедури кои допрва треба да се поминат за да се дојде до конечното завршување на продажбата.
Првиот чекор е до четврток оваа недела, кога се очекува да пристигнат четирите финални понуди. Потоа се очекува клубот да ја претстави својата претпочитана опција пред владата во рок од една недела.
Четирите предлози поднесени за „сините“ се очекува да бидат од сопственикот на Бостон Селтикс – Стивен Палиук, компанија основана од Сер Мартин Бротон и Лорд Себастијан Коу, Чикаго Кабс, Рикетс, како и сопствениците на Лос Анџелес Доџерс – Тод Боели и Марк Волтон, кои дадоа заедничка понуда заедно со англискиот бизнисмен Џонатан Голдстајн.
Во петок ќе започне празничниот викенд поврзан со велигденските празници, но вработените кои директно се вклучени во процесот ќе мора да продолжат со работата. Различни извештаи на Островот велат дека оваа недела владата ќе спроведе сопствена студија за четворицата понудувачи, но тоа со официјален став беше демантирано од владата.
Тоа секако ќе мора да го направи Премиер лигата. Целта е на крајот договорот да стане реалност до 31 мај, кога истекува привремената лиценца на клубот по смената на поранешниот сопственик Роман Абрамович. Рускиот олигарх беше строго казнет од британската влада и целиот имот му беше запленет поради неговите блиски врски со Владимир Путин по руската инвазија и почетокот на војната против Украина.