Договорот со Фронтекс ќе биде потпишан на македонски јазик без додавки во текот на овој месец, информира вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Според него, дојде до нови регулативи и правила кои се донесени од последното усогласување на текстот на договорот.
-Беа потребни неколку недели со се летните одмори плус за да се доусогласи текстот. Сега сме во завршна фаза на техничка завршница и верувам дека овој месец ќе биде завршено. Бугарија нема да приложи своја нота во однос на јазикот. Бугарија веќе треба и ги трга резервите во однос на Фронтекс. Еднаш се достави таа унилатерална нота и нема потреба повеќе пати, рече Маричиќ во емисијата „Топ тема“.
За потсетување, договорот за Фронтекс до сега беше блокиран поради одбивањето на Бугарија да ги прифати зборовите “македонски јазик“ во текстот.