Договорот за парно греење може да се симне од веб-страната на ЕСМ

од Берта Китинска
239 прегледи

Помошник-директорот за топлинска енергија во АД ЕСМ, Александра Маројевиќ, во изјава за медиумите соопшти дека АД ЕСМ почна со воведување нови начини за олеснување на процесот на префрлање на потрошувачите на топлинска енергија во градот Скопје од претходниот снабдувач на новиот снабдувач ЕСМ Снабдување со топлина.

Во изминатата недела потрошувачите склучуваа договори само преку директно пристапување кон пунктовите каде документите се пополнуваа и потпишуваа.

Од денеска, Договорот е поставен на интернет страницата на АД ЕСМ, потрошувачите ќе можат да го симнат, да го испечатат и да го пополнат – ЛИНК до договорот.

-Договорот треба да го поднесе лично потрошувачот на чие име се води сопственоста на станбениот простор во објектот. Доколку сопственикот на имотот не е присутен во државата и затоа не е во можност лично да дојде во наплатниот пункт, засега може да ополномошти друго лице, кое во негово име ќе го потпише потребниот договор.
Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои од лични, здравствени причини, возраст итн. не можат да ги напуштат своите домови, и на овие наши граѓани ќе им излезеme во пресрет и ќе им овозможимe Договорот да го склучат во нивниот дом. Доколку е настаната статусна промена на сопственост (купопродажба, решение за наследување и сл.) новиот потрошувач потребно е да приложи на увид документ за идентификација, како и документ со кој се докажува сопственоста на станот, или објектот, како што е имотен лист, купопродажен договор или решение за наследување – вели Маројевиќ.

Слични содржини