Доизградба на обиколницата е приоритетен проект за Штип

од desk2
62 прегледи

Изградбата на обиколницата од населбата Сењак до бањата Кежовица е главен приоритетен проект за наредните три години за општина Штип, а која е дел од Програмата за развој на општината.


Трајче Цветков, раководител на одделението за финансии во општина Штип, на денешните комисии за урбанизам и финансии на Советот на општината, забележа дека проектот веќе се реализира од оваа година, а досега за него од буџетот се реализирани 24 милиони денари, а во текот на 2018 година се предвидуваат 18. 964.000 денари на потегот од улицата „Борис Крајгер“ до булеварот „Гоце Делчев“.

-Втората улица што ќе се реализира преку оваа програма е кружниот тек на улицата „Гоце Делчев“, со поврзување на обиколницата, односно тоа е делот на сегашната крстосница кај поранешна Алумина, што оди во насока на обиколницата. Планирано е оваа улица да се изгради за три години, а проценета вредност на проектот е 23 милиони денари, од кои, согласно планот, во 2018 година ќе с ереализираат девет милиони, во 2019 година девет милиони и во 2020 година пет милиони денари, вели Цветков.

Изградбата на обиколницата ќе овозможи побрз и побезбеден пристап на жителите од најголемите штипски населби до индустрискиот дел на градот, но и поврзување со бањата Кежовица. На овој начин се планира да се реши проблемот со сообраќајниот хаос што настанува во текот на попладневните часови, кога работниците се враќаат или одат на работа во фабриките./MIA