Дојава за бомба на аеродромот Никола Тесла во Белград со грозоморни закани

од Stefanija Kuzmanovska
294 прегледи

Дојава за наводно поставена бомба на аеродромот „Никола Тесла“ стигнала на неколку адреси во Белград. Можна е евакуација на патниците и сите вработени. Засега не се знае дали полицијата излегла на терен, пренесува „Блиц.рс“.

Во меилот, кој, меѓу другото, пристигнал и на адресата на редакцијата на „Блиц“, упатени се грозоморни закани за „наводно поставен експлозив со ампули со нервен агенс“ на белградскиот аеродром:

„На аеродромот ‘Никола Тесла’ во Белград беа поставени 33 експлозивни направи, не зборуваме за евтини пластични експлозиви, туку за бомби Ц4, на кои се закачени ампули со нервниот агенс ‘Карфентанил’, како оној што вашиот голем пријател, еб**иот фашистички диктатор Путин ги користеше и на цивилите и на Чеченците во театарот Дубровка.

Тој немаше милост за нив, нема милост ниту сега кога бомбардира украински цивилни цели. Исто како што и вие, го**а едни четнички, немавте кога четите на Милошевиќ и Младиќ колеа, стрелаа и силуваа низ целиот регион. Не ја почувствувавте вистинската одмазда на вашето тело.

Ќе ви ја е**ме мајката на сите вас ​​четничко-путиновски го**а, како и на црвената банда, вашите пријатели и сојузници кога станува збор за репресијата и локалниот империјализам. Црвени го**а, не сте ништо подобри, си ги браневте Југославија и Советскиот Сојуз како геополитичка формација, бирократска бандо“, стои во меилот, пренесува „Блиц“.

Слични содржини