Во низата дојави за бомби низ објекти во Србија, стигнала и една за локална болница, но не се дознало веднаш, бидејќи два дена никој не го отворил службениот мејл, информира српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин за српските медиуми без да открие во која болница и на кое место се случил целиот случај.
Вулин навел дека пристигнатите бројни мејлови за дојави за бомби се затоа што Србија не воведе санкции кон Русија и не се приклучи на санкциите на ЕУ.
„Но, ако наметнеме санкции кон Русија, дали мислите дека заканите нема да дојдат од другата страна? Во големите земји, Русија, Америка… има епидемија од такви дојави. Тоа е едноставно нешто со кое треба да живеете, а на нас е да направиме максимална превенција, тоа е тоа што зависи од нас. Но, физички не е можно да се прегледаат неколку илјади објкети во еден ден, физички не е возможно“, потенцирал Вулин.