Дојави за бомби во четири трговски центри во Белград

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска околу пладне четири белградски трговски центри добиле дојава за бомба. Трговските центри беа евакуирани, а прегледот покажа дека сите дојави се лажни.

Дојавата за бомба беше примена во Ада Мол, ТЦ Карабурма, Авив Парк и Биг Фешн околу пладне.

На сликите објавени на социјалните мрежи, може да се видат луѓе кои чекаат надвор додека полицијата врши увид во просториите.

Од српското МВР за екипата на „Блиц“ потврдиле дека со детален преглед е утврдено дека дојавите се лажни и дека нема причина за паника.

Слични содржини