Во повеќе основни училишта во Куманово попладнево пристигнале дојави за наводно поставени бомби во училиштата, потврдија од Секторот за образование од Општина Куманово, од каде што укажуваат дека учениците безбедно се евакуирани.
– Дојавата за бомба е испратена по електронски пат, нешто после 17 часот. Од училиштата повикале полиција која мошне бргу пристигнала, учениците безбедно се евакуирани. Останува на службите да ја проверат состојбата, изјави раководителот на секторот за образование Александар Јовановиќ.