„Дојче банк“ отпушта 18.000 вработени

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Германската „Дојче банк“ објави план за реструктуирање кој предвидува кратење на секој петти вработен во банката, што значи околу 18.000 луѓе, пишува весникот „Гардијан“.

Планот треба да се спроведе во периодот до 2022 година.

Одлуката доведе некои членови на извршниот одбор да го напуштат раководството на банката, пишува весникот. Идејата за промена дојде поради лошите перформанси на банката на финансискиот пазар и правните проблеми во последниве години.

На крајот од 2018 година, германската полиција ја пребара најголемата банка во земјата поради сомневање за перење пари.

Извршниот директор Кристијан Шивинг испрати отворено писмо до вработените, во кое тој изрази „големо жалење“ за новата ситуација.

„Прво, дозволете ми да истакнам – свесен сум дека за реструктуирање на нашата банка правиме големи кратења. Лично ми е жал за последиците за некои од вас, но ние немаме друг избор освен да одиме директно на оваа промена“, пишува Шивинг, додавајќи дека намерите се „Дојче банк“ да се врати на своите корени.

„За жал, мораме да го прифатиме фактот дека за ова реструктуирање ќе бидат потребни непријатни одлуки. Ова е особено точно за големината на нашиот персонал и негово кратење. Ве уверувам дека моите колеги и јас разбираме дека оваа одлука влијае на луѓето и на нивните животи на непредвидлив начин. Тоа е причината зошто ние ќе се потрудиме да ги примениме овие кратења колку што е можнно поодговорно – сметам дека ова е моја должност“, вели извршниот директор.

Слични содржини