72% од Германците очекуваат конфликти поради бегалците.

Ангела Меркел денеска повикува за “национални напори” за депортација на мигрантите без право на азил. Проблемот сепак воопшто немаше да се случи ако не беше погрешна културата на гостопримството на канцеларката. “Неверојатно е колку стабилна останува германската култура на гостопримството по две исклучителни години со рекорден број бегалци”, изјави за ДВ Улрих Кобер, експерт за миграциските прашања кон фондација “Бертелсман”. И навистина: 59 проценти од испитаниците се уште сметаат дека бегалците се добредојдени во Германија. Само една третина од учесниците во анкетата велат дека за гостопримство не може да стане збор. Трикот е во формулацијата на прашањето: испитаниците биле прашани како се однесува општеството кон мигрантите, а не она што е нивната лична врска. Оттука и високите индикатори. Студијата сепак го поставува и прашањето за личниот став. И тогаш сликата изгледа поинаку: мнозинство од 54 проценти сметаат дека е достигната ограничувањето граница во земањето на бегалци. Ова мислење го делат 40 проценти од испитаниците и пред две години, кога “Бертелсман”го постави истото прашање – пред бегалската бран да ја поплави Германија.
Без илузии
Што се однесува до последиците од миграцијата, анкетираните граѓани не си прават никакви илузии – ниту во 2015, ниту во 2017 година. Денес 79 отсто од анкетираните сметаат дека социјалната држава ќе претрпи дополнителни тегови (64% пред 2 години). Податоците на германското Министерство за финансииго потврдуваат тоа: минатата година од државата е потрошено најмалку 20 милијарди евра за совладување на бегалската криза. За тековната година се предвидени исто толку, а според некои пресметки дури и повеќе. Со овие пари би можела да се организира многу поголема помош во родните земји на бегалците. Освен тоа би отпаднале тешкотиите околу интеграцијата на дојденците.
72 проценти од испитаниците очекуваат конфликти меѓу мигрантите и локалното население – ништо изненадувачки по доживувањето на новогодишната ноќ на 2015 во Келн и атентатот врз божиќниот базар во Берлин. Само дека уште во 2015 година 64 проценти од испитаниците изјавиле дека очекуваат конфликти меѓу мигрантите и локалното население. Тоа значи дека скептицизмот битисува во Германија и пред “Големата преселба на народите”, а сега само се потврдува во голема мера. Големата грешка на Меркел За одбележување е дека едно значително мнозинство од 81 проценти од германските граѓани е на мислење дека сега и другите земји-членки на ЕУ треба да го прифатат повеќе бегалци. И тоа е разбирливо. Но … нема да се случи. Разбирливо е, исто така, дека другите земји не сакаат да носат солидарна одговорност за погрешната политика на гостопримството на Ангела Меркел. Оваа политика беше погрешна, бидејќи е добредојде за сите и затоа никој не поставуваше прашања за потеклото и причината за бегство, односно не се правеше разлика меѓу луѓето, всушност потреба од заштита, и чистите економски мигранти. Да не зборуваме пак за насилни исламисти.
Денес Ангела Меркел повика на “национални напори” при депортацијата на мигрантите без право на азил. Значи денес нацијата треба да се избликне еден речиси збунувачки проблем кој воопшто немаше да се случи ако не беше културата на гостопримството на канцеларката. При тоа никој не ги праша Германците за овој голем експеримент. Германската држава никогаш не била обврзана законски да отвора вратите за сите. А Ангела Меркел ја оштети сериозно добрата волја на сопственото население. И ако сака да ја задржи, не треба да се повторува грешката.
———
Кристоф Хаселбах, Дојче Веле.