Дојче веле: Влијаеа ли западните санкции врз Русија?

од Vladimir Zorba
79 прегледи

1477789478-drrr

Одамна веќе застанаа руските шеги на адреса на Западот и неговите божем неплодни санкции, пишува во анализата Роман Гончаренко

Неодамна ЕУ одлучи да не наметнува на Русија нови економски санкции – овој пат поради учеството во сириската граѓанска војна. А Москва се труди да не дава нови поводи за слична дискусија.

По острата меѓународна критика поради многуте цивилни жртви во Сирија, руските воздухопловни сили го прекинаа бомбардирањето против бунтовниците во Алепо. А во четвртокот, претседателот Путин изјави во Сочи дека Русија се воздржува од акции.
Важечките казнени мерки против земјата не беа покажале никакво влијание, велат познавачите на приликите по повод мерките наметнати врз Русија поради Украина. По анексијата на Крим во март 2014 година, ЕУ, САД и Канада забранија на некои руски политичари да влегуваат на нивна територија и притоа им ги замрзнаа банкарските сметки.

По ескалацијата на војната во источна Украина беа наметнати и економски санкции, кои најмноги ги погодија руските банки, бидејќи тие веќе не можеа да добиваат заеми од Запад. Беше ограничен и пристапот до современите западни технологии за руските нафтени и гасни концерни. Русија пак реагира на санкциите со забрана за увоз на западни прехранбени производи.

“Новата економска реалност” на Русија

Не е лесно да се направи биланс по две години, бидејќи влијанието на санкциите тешко може да биде одделено од други фактори. На пример руската економија покажуваше слабост уште пред анексијата на полуостровот Крим.

Се распадна во 2014 година поради цени на нафтата и природниот гас на светските пазари, кои исто така ја погодија тешка руската економија, бидејќи стануваше збор за двете најважни извозни суровини на земјата, од кои доаѓаа и најголемите приходи во државниот буџет. Иако се празнтеи каси, руската влада инвестира многу во вооружување на војската и направи кратења во други сфери.

Населението несомнено ги чувствува проблемите врз својот грб, но овие проблеми немаат речиси никаква врска со санкциите. Во Русија се зацврсти едно нов концепт. Во Москва се зборува за “нова економска реалност”.

Звучи неутрално, но всушност опишува една положба, што може да биде наречена криза. Станува збор за условите во кои постои Русија по анексијата на Крим: западни санкции, ниски цени на нафтата, девалвација на рубљата, рецесија, инфлација.

Владата на премиерот Дмитриј Медведев поаѓа од претпоставката дека санкциите и ниските цени на нафтата ќе се задржат во среднорочна перспектива. А претседателот Путин нагласува дека Русија успешно се прилагоди на оваа нова ситуација.

Првично во Русија се потсмеваа на западните санкции. Млади Русинки рекламираа маици со натпис “Топол не се плаши од санкции”. “Топол” е името на руска интерконтинентална ракета.

Во последно време, сепак по улиците веќе не се слушаат слични шеги. Дури претседателот Путин призна дека санкциите се видливи. Најголемата опасност произлегува од ограничениот пристап до напредна технологија, изјави тој на конференцијата во Москва во почетокот на октомври.

Под границата на сиромаштијата

Повеќето Руси исто така го чувствуваат влијанието на санкциите. 72% од учесниците во анкетата на социолозите од Центарот “Левада” признаваат дека санкциите има влијание врз економската состојба на земјата. Исто толку висок процент од испитаниците, сметаат дека нема потреба од никаква промена на руската политика. Одвај секој петти од анкетираните се изјасни за компромиси и отстапки за да се укинат санкциите.