14
Фудбалерот на Милан, Матео Габија го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 2029 година.
„Фудбалскиот клуб Милан со задоволство може да објави дека Матео Габија го продолжи договорот до 30 јуни 2029 година. Роден во 1999 година, Матео го носи дресот на Милан од својата 12-та година, а неговата решителност и придонес, и на теренот и надвор од него, силно се усогласени со вредностите на клубот. По 84 настапи и пет гола за клубот, Милан и Матео ќе продолжат да ја пишуваат својата приказна заедно“, стои на клупската веб-страница.
Габија, кој играше како позајмен во Виљареал и Лукезе, игра на истата позиција како и српскиот стопер Страхиња Павловиќ, кој дојде во Милан во јули годинава.