ДОКАЖАНО ДЕКА Е ЗДРАВО: Јадете чоколадо барем еднаш неделно, еве и зошто

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Научниците веруваат дека редовната консумација на какао флаваноиди може да биде еден од неколкуте фактори што ги објаснуваат когнитивните придобивки што ги дава чоколадото.

Ако консумирате чоколадо барем еднаш неделно, вашите когнитивни способности ќе бидат далеку подобри од луѓето кои консумираат чоколадо нередовно и исклучително ретко. Ова се резултатите од најновата студија спроведена од научници од Универзитетот во Мајна, Универзитетот во Јужна Австралија и Луксембуршкиот институт за здравство.

Во студијата објавена во списанието Appetite учествувале 968 лица на возраст од 23 до 98 години. Имено, научниците сметаат дека редовната консумација на какао флаваноиди може да биде еден од неколкуте фактори што ги објаснуваат когнитивните придобивки што ги дава чоколадото.

Ризиците од висок крвен притисок и дијабетес тип 2 се помали кај оние кои редовно консумираат чоколадо, за разлика од оние кои земаат поголема количина чоколадо по подолг временски период.

Научниците од студијата заклучија дека идните истражувања ќе дадат понатамошен увид во врската помеѓу чоколадото богато со какао флавоноиди и невропсихолошкото здравје и механизмите што ги поврзуваат.

Тие веруваат дека во идните студии ќе биде важно да се испитаат оптималните количини за краткорочни и долгорочни ефекти.

Слични содржини